Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПовисокото ДДВ во Грција ќе ги зголеми цените и за туристите

Повисокото ДДВ во Грција ќе ги зголеми цените и за туристите

Грчката влада како дел од договорот со ЕУ за добивање финансиска помош превзеде обврска за покачување на даноците, меѓу кој и износот на ДДВ што директно ќе предизвика поскапување на крајните производи во трговијата и угостителството. Се очекува поскапување на цените бидејќи ставката на ДДВ од 13 ќе се покачи на 23 проценти.

greece-debt

Со поголемите даноци се очекува државната каса да се дополни со околу 800 милиони евра до крајот на годината, но притоа може да дојде до намалување на потрошувачката и секако, трошењето на пари на туристите. Инаку грчките банки ќе бидат отворени за граѓани и ќе се подигне лимитот на подигнување на 420 евра дневно.