Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПовисоки казни за помалку жртви или поголем револт?

Повисоки казни за помалку жртви или поголем револт?

Од денеска стапуваат во сила новите измени на Законот за сообраќај. Ако во населените места се вози 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, глобата е 400 евра, а следува и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци.

Доколку, пак, се вози 30 до 50 километри на час побрзо, казната е 300 евра или 50 негативни поени со забрана за управување со возилото три до 12 месеци. Во двата слуачаја паричните казни може да се заменат со впишување негативни поени, во првиот 65, а во вториот 50.

Ако се вози 10 до 30 километри на час побрзо од дозволенто, казната е 45 евра или 25 негативни поени, а за до 10 километри на час побрзо, казната е 10 евра или 10 негативни поени. Во овие два случаи не е предвидена прекршочна санкција, односно забрана за управување со возилото.

Слични се санкциите и за пречекорување на дозволената брзина на отворен пат. За возење 70 километри на час повеќе од дозволеното, казната е 400 евра или 65 негатиовни поени и забрана за управување со возилото шест до 12 месеци. За следните категории: побрзо движење за 50 до 70 километри на час, 30 до 50 километри на час и до 30 километри на час, казните се исти како претходно спомнатие за населено место.

Веќе неколкупати се зголемија казните за сообраќајните прекршоци, но бројот на жртви и натаму расте. Па се наметнува прашањето дали високите казни ќе имаат ефект или само ќе го зголемат револтот кај возачите. Експертите сметаат дека е неопходна Национална стратегија за сообраќај, како и адекватна инфраструктура. Освен тоа, важно е да се подигне свеста кај сите учесници во сообраќајот.