Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПовик за учество на креативна документарна филмска школа

Повик за учество на креативна документарна филмска школа

 

Вистинска можност за едукација за   сите вљубеници во филмската документарна форма и сета креативност која доаѓа со неа

Балканските документарни филмски фестивали „Право Људски“ од Сараево, „ДокуФест“ од Призрен и „МакеДокс“ од Скопје, поддржани од Националната фондација за демократија го објавија повикот за учесници за второто издание на креативната документарна филмска школа „АКТив #2“.

Се повикуваат да се пријават сите млади луѓе што имаат страст кон документарната филмска форма и се на возраст помеѓу 18 и 22 години од Босна и Херцеговина, Косово, Србија или од Македонија.
Школата ќе се одржи во Призрен, Косово, од 27 август до 10 септември.

По селекцијата, 16 млади луѓе од регионот ќе ги осознаат процесите на пишување, истражување, развој и продукција на креативни документарни филмови, запознавајќи ги главните аспекти на режирање, снимање слика и звук, монтажа и постподукција на слика и звук.

Повеќе информации за повикот можете да најдете на web страниците на „Право Људски“,„ДокуФест и „МакеДокс“