Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПовик за парична помош на средношколци од загрозени семејства

Повик за парична помош на средношколци од загрозени семејства

Сите средношколци кои потекнуваат од семејства приматели на социјална парична помош и редовно посетуваат настава ќе добијат државна помош од 12.000 денари за учебната 2016/2017. Јавнот повик е објавен денеска и ќе трае до 30 септември, а се објавува веќе неколку години по ред. Заинтересираните средношколци можат да аплицираат во Центрите за социјални работи во нивното место на живеење каде треба да достават соодветна документација.

dime-spasov-2

Се предвидува ова парично право да се рализира квартално со исплата на финансиската поддршка на мајките на децата. Сите оние кои што редовно посетуваат настава, посетуваат повеќе од 85 % на часовите ќе добијат дополнителна финансиска поддршка, изјави Спасов за новиот повик.

Тие што досега веќе оствариле право на паричен надоместок, а ги исполнуваат условите ќе треба само повторно да аплицираат.