HomeДЕНЕШНАПолитикаПовик за јавен увид во избирачкиот список

Повик за јавен увид во избирачкиот список

dik-660x330

Јавниот увид ќе се врши во просториите на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Македонија и во простории во општините каде што ДИК нема свои подрачни одделенија, како и по електронски пат, на официјалната интернет-страница на ДИК.

Државната изборна комисија упати повик до граѓаните дека од 28 октомври до 11 ноември 2016 година ќе се врши јавен увид во Избирачкиот список за претстојните избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.

Јавниот увид ќе се врши во просториите на подрачните одделенија и канцеларии на ДИК низ целата територија на Република Македонија и во простории во општините каде што ДИК нема свои подрачни одделенија, како и по електронски пат, на официјалната интернет-страница на ДИК.

Увидот ќе може да се изврши секој ден од 8:30 до 19:00 часот.

Исто така, од ДИК известуваат дека при вршењето на јавниот увид, пред овластено лице на ДИК граѓаните се идентификуваат со покажување на важечка лична карта или пасош, издадени од надлежен орган на Република Македонија, а граѓаните кои не се во Избирачкиот список поради немање важечка лична карта или пасош, треба веднаш да аплицираат за добивање нов документ за идентификација.

Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство по електронска пошта го поднесуваат до ДИК барањето за запишување, барањето за дополнување или барањето за бришење на податоците на посебните изводи од Избирачкиот список, во периодот од 28 октомври до 11 ноември, додека трае јавниот увид, заклучно со 00:00 часот.

Извор: http://www.akademik.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com