HomeДЕНЕШНАСветПовик до членките на ЕУ да ги враќаат мигрантите кои не ги исполнуваат условите за азил

Повик до членките на ЕУ да ги враќаат мигрантите кои не ги исполнуваат условите за азил

Директорот на Европската агенција за контрола на границите Фабрис Леџери ги повика земјите членки на ЕУ да ги враќаат мигрантите кои нема да ги исполнат условите за добивање на азил. Лејџери наведе дека само 40 отсто од мигрантите чии барања за азил биле одбиени биле вратени во своите земји од кои потекнуваат, а најголем дел вратила Италија, каде многумина заминуваат да бараат работа.

Според неговите зборови, многу кои пристигнуваат во Италија, најмногу од Либија и Египет, „можат и треба да бидат вратени“, како и тоа дека Рим бара повторно воведување на забрзани процедури за враќање на мигрантите од Италија во трета држава надвор од Европа. Леџери додаде дека Европската агенција за контрола на границите има доволно средства за враќање на бегалците, но дека затоа е потребна и одлука на земјите-членки на ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com