Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураПовик до македонските писатели и издавачи да се вклучат во хуманитарните активности

Повик до македонските писатели и издавачи да се вклучат во хуманитарните активности

Волонтерите од фејсбук-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје, јавно ги повикаа сите македонски писатели и издавачи да се вклучат во активностите под мотото „И перото спасува живот“.

Се повикуваат, од денеска со почеток во 10 часот, да донесат дел од тиражите на своите книги, на одделен дел од пунктот во „Сити мол“ и континуирано, кога се во можност, писателите и лично да бидат присутни за да ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.

Идејата е да се врши слободна продажба на книги од страна на самите писатели, а веднаш, со собраните средства да се купува она што од теренот на загрозените подрачја се јавува дека е потребно.

Волонтерите од фејсбук-групата се надеваат дека македонските писатели и издавачи ќе го прифатат овој повик.