HomeДЕНЕШНАЕкономијаПовеќедетните семејства се сиромашни

Повеќедетните семејства се сиромашни

shutterstock_146024816

Со месечни приходи во износ од 12.587 денари живеат 22 отсто од четиричлените домаќинства. Дури 14 отсто од граѓаните кои живеат во самечко домаќинство месечно во просек заработуваат 6.500 денари. Сиромаштијата во Македонија минатата година падна за еден процент во споредба со претходната, но и понатаму секој четврти граѓанин живее сиромашно, односно 444.500 Македонци се борат да скрпат крај со крај.

22 отсто од семејствата со две деца имаат примаша далеку под потребниот износ за да се протурка месецо. Според синдикалната потрошувачка кошница за октомври на просечно четиричлено семејство му било потребни 524 евра за да го протурка месецот. Месечно само за храна и пијалоци се трошат 216 евра.

Статистиката покажува дека половина од домаќинствата со три и повеќе издржувани деца живеат во сиромаштија. 52 проценти од нив не можат да си ги дозволат елементарните услови за живот. Нивната бројка во споредба со 2013 година пораснала за три отсто.

Социјалните трансфери од државниот буџет и натаму се клучен фактор што ја ублажува сиромаштијата. Без нив таа би била 40,5 %.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com