HomeДЕНЕШНАРепубликаПовеќе свадби помалку разводи во минатата година

Повеќе свадби помалку разводи во минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во текот на минатата 2015 година, во споредба со претходната 2014 година, е зголемен за 2,7 отсто и изнесувал 14.186 склучени бракови, а лани е забележено и незначително но сепак намалување на бројот на разводите, пренесува Макфакс.

Најмногу бракови, 1 844 или 13,0 отсто, се склучени во август, а најмалку – 702 или 4,9 отсто во март. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,6 проценти за жените и 91,2 отсто за мажите. Во втор брак, со учество од 8,1 отсто и во трет брак, со учество 0,7 проценти, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26,2 години за невестата и 29,0 години за младоженецот.

Бројот на разводите во 2015 година бележи намалување од 0,5 отсто во споредба со 2014 година и изнесува 2 200 разведени бракови. Најмалку бракови, 74 или 3,4 отсто во текот на годината се разведени во август, а најмногу, 205 или 10,5 отсто, во декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи – 498, се случиле од пет до девет години по склучувањето на бракот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com