Friday, Dec 15, 2017
HomeДЕНЕШНАСветПовеќе од 700 мигранти се удавиле во Средоземното Море во последните неколку дена

Повеќе од 700 мигранти се удавиле во Средоземното Море во последните неколку дена

migranti6-650x377

Во последните неколку дена во водите на Средоземно Море, јужно од Италија, најверојатно се удавиле над 700 мигранти, при очајните обиди да стигнат до Европа, соопшти денеска Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Портпаролката на комесаријатот, Карлота Сами, прецизира дека околу 100 лица се прогласени за исчезнати откако во средата се превртело бродче со мигранти.
Други 550 се исчезнати во четвртокот утрината при потонување на шверцерско бродче, што на пат преку Средоземјето тргнало претходниот ден од либиското пристаниште Сабрата. Според кажувањата на бегалци, бродчето со 670 патници, немало мотор и било влечено од друг швецерски пловен објект.
Бродската несреќа ја преживеале 25 лица, 79 биле спасени од меѓународни патролни чамци, а од водата биле извадени 15 мртви тела.
Во третата бродска несреќа, во петокот, 135 мигранти биле спасени, 45 тела били извадени од водата и непознат број луѓе се прогласено за исчезнати. Преживеаните биле префрлени во италијанските пристаништа Таранто и Подзало.