HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПОВЕЌЕ ОД ЗАСЛУЖЕНО: ФФМ ќе ги награди младите репрезентативци со 200.000 евра

ПОВЕЌЕ ОД ЗАСЛУЖЕНО: ФФМ ќе ги награди младите репрезентативци со 200.000 евра

Младите македонски фудбалери, кои вчера изборија пласман на Европското првенство во Полска, за историскиот успех ќе бидат парично наградени од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Избраниците на селекторот Благоја Милевски вчера ја совладаа Шкотска (2-0) и станаа првата генерација на македонски фудбалери која изборила пласман на завршницата на едно континетално натпреварување.

Успехот што го постигна младата репрезентација, ФФМ ќе го награди со 200.000 евра, премија која фудбалерите ќе ја поделат меѓу себе.

Репрезентацијата до 21 година, квалификациите за пласман на Европското првенство ги заврши на првото место во Групата 3, со скор од шест победи, три нерешени и еден пораз и гол разлика 13:7.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com