HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПотврдено: Манчестер Јунајтед го следи овој Бразилец!

Потврдено: Манчестер Јунајтед го следи овој Бразилец!

886644f1375640502296020161020233526

Потрди менаџерот на фудбалерот, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за услугите на младиот фудбалер на Коринтијанс. Гилјерме Арана, млад фудбалер на Коринтијанс, би можел во блиска иднина да стане фудбалер на Манчестер Јунајтед. Ова момче има само 19 години, а веќе го покажа својот полн потенцијал во Коринтијанс и многумина сметаат дека е вистинско време да ги покаже своите способности и во некој од најголемите европски клубови, како што е Манчестер Јунајтед.

Англиските медиуми открија дека еден од неговите менаџери минатата недела бил на „Олд Трафорд“, а до договор меѓу Манчестер Јунајтед и Коринтијанс би можело да дојде уште во јануари. Ова младо момче игра на позицијата лев бек, позиција на која Мурињо го има Лук Шо како прв избор. Доаѓањето на овој фудбалер би можело да значи и заминување на Дејли Блинд од клубот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com