HomeДЕНЕШНАПолитикаПотврдено: Катица Јанева нема партиска книшка, се води хајка против обвинителката

Потврдено: Катица Јанева нема партиска книшка, се води хајка против обвинителката

katica janeva zakletva

Катица Јанева ниту била, ниту е член на СДСМ, соопштија од оваа опозициска партија во сабота, по написите во некои медиуми, дека специјалната јавна обвинителка од 2004 година поседува партиска книшка од СДСМ.
„Центарот за лаги и манипулации на (лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола) Груевски се обидува да го теши чпенството кое се повеќе е нервозно и ја изуби довербата во фамилијата. За сите злодела, криминалнците од власта ќе одговораат“, додаваат од СДСМ.

Дека Катица Јанева не членува во ниедна партија потврдуваат и од Специјалното јавно обвинителство.

Партиската книшка која ја прикажа „Дневник“ е сосема нова што е неверојатно за документ изваден пред 12 години како што тврдат од медиумот. Очигледно е дека книшката е направена со фотомонтажа на кој се ставените датумот на раѓање на Јанева како и потписот на Бранко Црвенковски кој може да се пронајде на многу документи.

Инаку, Катица Јанева во 2004 година кога наводно е извадена партиската книшка, била обвинител и според законот не можела ниту да извади партиска книшка ниту пак да стане партиски член.

Јанева е на удар на власта уште од нејзиното поставување на функцијата, при што ја обвинуваат дека работи за СДСМ зошто постапувала само против членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои се на власт десет години и за кој период се однесуваат снимените материјали по кои постапува СЈО.

На ова реагираше и СДСМ. „Центарот за лаги и манипулации на Никола Груевски се обидува да го теши членството кое се повеќе е нервозно и ја изуби довербата во фамилијата. За сите злодела, криминалците од власта ќе одговораат“, се вели во соопштението.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com