Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПотврдено е големо присуство на арсен во гевгелискиот водовод

Потврдено е големо присуство на арсен во гевгелискиот водовод

Граѓаните на Гевгелија со години се жалат на лошиот квалитет на водата за пиење, а сега и меѓународната лабораторија од Солун потврди големо присуство на арсен во градскиот водовод.

„Само пред еден месец концентрацијата на арсен беше 21,3 микрограми на еден литар вода, а сега е 19,7 микрограми што е и понатаму за 97 % повисоко од здравствено пропишаните норми за употреба на водата од страна на човекот. По одбивањето на Институтот за јавно здравје на РМ да прави анализи на водата во Гевгелија со образложение дека „Знаеле за проблемот“ и дека „Сите институции се известени“, откако увидовме дека речиси четири години не се превзема решение за заштита на граѓаните, со анализите од меѓународни лаборатории го потврдуваме постоењето на проблемот со арсенот во водата и неговото континуирано присуство и изложеност на граѓаните на еден од најотровните елементи на земјата – арсенот. Ванадиумот е нешто сосема ново за нас“, изјавуваат од граѓанската иницијатива Арсена.

Гевгеличани се принудени да купуваат флаширана вода со години или пак, да полнат вода од локалните извори кои се почисти. Арсена ја обвини и градската власт за негрижа за здравјето на жителите и дека не се вложува во пречистување на водата и копање на нови извори.