Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПОЦ ќе ги преземе сите паркинзи во Центар од град Скопје

ПОЦ ќе ги преземе сите паркинзи во Центар од град Скопје

Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денесшната прес-конференција најави дека започнува иницијатива за преземање на сите паркиралишта во Општина Центар, пренесува „Нова ТВ“.

-Според последната теренска анкета што ја спроведовме, висок процент од граѓаните се задоволни од услугите на претпријатието и сметаат дека контролата на паркинг места во Општина Центар треба целосно да ја превземе ЈП ПОЦ. Со преземањето на останатите паркиралишта сите жители на Општина Центар ќе имаат можност да ги користат поволностите кои ги нуди претпријатието, поволности кои не ги добиваат од другите претпријатија кои сега стопанисуваат со останатите паркиралишта. Со тоа, ќе го задоволиме барањето на центарци кои очекуваат нови резидентни паркиралишта и повеќе паркинг простор за најава на гости. Исто така, ќе се отворат и голем број на паркинг места во Центар за жителите од другите општини, рече Богдановиќ.

Денеска е испратен допис до Владата со што се бара јавното паркиралиште од затворен тип што се наоѓа на ул. Кеј 13 Ноември (спроти Холидеј Ин) со капацитет од 550 паркинг места со кое во моментов стопанисува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката – Скопје да биде во надлежност на ПОЦ.

Богдановиќ најави дека од наредната недела ќе ја започне и иницијативата за преземање на сите јавни паркиралишта кои се под ингеренција на ЈП Градски Паркинг на територијата на Општина Центар.