Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПотребни се посебни чекори од ЕУ за интеграциите на Македонија, смета Османи

Потребни се посебни чекори од ЕУ за интеграциите на Македонија, смета Османи

Вицепремиерот за европски прашање денеска на прес-конференција посветена на сработеното во првите сто дена Влада, нагласи дека се потребни посебни чекори од страна на Европската унија, но и од земјите-членки во насока на видливоста на европските перспективи на Македонија.

– Напредокот во евроинтегративните процеси на Република Македонија за среќа не претставува изолиран случај на Балканот, туку е во иста насока со новиот бран на регионален европски оптимизам, кој е проширен кај земјиоте-членки на Унијата. Потребни ни се конкретни чекори од страна на ЕУ, но и од страна на земјите-членки во насока на видливост на европските перспективи на РМ, во насока на зајканување на европскиот оптимизам во земјата и регионот – додаде Османи.

Тој посочи дека поради долгогодишниот застој предизвикан најмногу од длабоката институционална криза во земјата, во изминатите сто дена Секретаријат за европски прашања, но и Владата биле целосно насочени кон враќање на земјата на патот на ЕУ.

– Како нова Влада затекнавме замрзнати односи со нашите стратешки партнери, кои директно ни се обраќаат како земја со заробени институции, што придонесува за уназадување на евроатланските процеси. Наш најголем предизвик е да го остраниме тој застој -додаде Османи.

Тој ги наброја дел од активностите спроведени во овој период – посета на владина делегација на Брисел, посетата на Јоханес Хан, кој учествуваше на тематска седница на Владата, поветена на евроинтеграциските процеси, планот 369.

– Делот три е во финална фаза на имплементација, која треба да биде крунисана со одржување на веродостојни и кредибилни избори. Успешната реализација од делот три од планот очекуваме да заврши со отстранување на условувањето на препораката, што е прв чекор за добивање датум за преговори за полноправно членство, рече Османи.

Тој додаде дека паралелно се работи и на подготовка на деловите 6 и 9 и со нивно имплеметирање ќе се спроведат сите потребни реформи.

Како сработено го спомена и усвојувањето во Владата на Предлог-законот за јазиците, потпишување на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Македонија.

Работено е и на одмрзнување на сите тела и активности, кои се од надлежност на СЕП, се работи на Националониот план за усвојување на правото на ЕУ (НПА), што беше замрзнато, односно ставено во мнирување, покренати се и меѓуресорните тела, како што е Работниот комитет за европска интеграција, но и заедничките тела со ЕУ, како што се Комитет за стабилизација и асоцијација и Советот за стабилизација и асоцијација.

Тој овие сто дена бил посветен и на функцијата национелен координатор на т.н ИПА структура.

– Во наша ингеренција е мониторингот на спроведување на средствата во ИПА, додека процесот на склучување договори е во надлежност на финансии и на самите корисници – појасни Османи.

Вицепремиерот информира дека во резултатите од извештајот за ИПА 1 пакет, кој е за периодот 2007-2013 година покажаа дека се алоцирани 614 милиони евра, а на располагање биле ставени 437 милиони што е над 70 проценти, но над 150 милиони или околу 25 отсто не се искористени и се враќаат во ЕУ.

Во тек е реализација на проекти од ИПА 2 пакетот за 2014-2012, на располагање се ставени нови 644 милиони евра, од нив 67 отсто или 445 миилиони се веќе програмирани и распределени за натамошна имплементација по проекти. Во моментот се работи на програмирање на уште 172 милиони евра, но сепак и тука н40 милиони евра веќе се изгубени и во фазата на самото програмирање, а не се исклучува и да се генерираат дополнителни загуби.

Османи нагласи дека забелешките од извештајот за ИПА ќе биде основа за нов мастер план за реформа на ИПА структурата, но и за севкупни реформи во насока на зголемување на капацитетите на државата и зголемено искористување на овие средства.