Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПотребна е поголема искористеност на ИПА-средствата за поврзување на регионот

Потребна е поголема искористеност на ИПА-средствата за поврзување на регионот

Наша обврска е што повеќе да ги искористиме средствата предвидени за инфраструктурно и за енергетско поврзување на земјите од Западен Балкан, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на координативниот министерски состанок на Националниот ивестициски комитет (НИК).

Како национален координатор за ИПА-фондовите, тој даде насоки за условите за успешно функционирање и за користење на средствата од фондовите ИПА2, особено регионалните фондови во делот на инфраструктура во транспорт, енергетика и животна средина.

НИК е советодавно тело кое е формирано за подобро да се планираат проектите, да се одредува нивниот приоритет и да се распределуваат средствата за транспортната инфраструктура и за енергетска поврзаност на земјата со земјите од Западен Балкан во рамките на инвестициската рамка за Западен Балкан.

POST TAGS: