Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузеј,,(По)трагите на водата-Акварелот” -изложба во Битола

,,(По)трагите на водата-Акварелот” -изложба во Битола

,,(По)трагите на водата-Акварелот” е насловот на изложбата која ќе биде поставена во Уметничката гелерија ,,Магаза” во Битола на 23 јули во 20 часот. Изложбата содржи дела од колекцијата на Националната галерија на Македонија

Меѓу авторите на акварелите застапени во колекцијата на Галеријата се претставници од најстарата генерација современи академски сликари од Македонија – Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави (кои покрај сликарството работеле и акварели) – Томислав Кризман, Јован Бјелиќ, Коста Хакман, Петар Лубарда, Предраг Милосављевиќ – Пеѓа, Никола Славин.

На изложбата ќе бидат претставени и акварелните дела на авторите – Лена Стефанова, Ејуп Умер, Богољуб Ивковиќ, кои во својот творечки опус периодично или експериментално работеле акварел, или пак, негова имплементација во делото (цртеж во комбинирана техника со акварел, гваш) – Симон Шемов, Владимир Георгиевски, Станко Ѓорѓиев, додека некои од уметниците се најпрепознатливи во своето творештво во акварелната техника – Никола Бутров, Илија Кавкалески- Кавкале, Теофил Шулајковски-Тофе, Јакуп Хајро.

Ќе бидат презентирани над 30-тина ликовни дела, дел од нив за првпат се изложуваат пред јавноста. Куратор на изложбата е Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.