Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПотписи и за Вељаноски за да започнат собраниските игри и да се одбере негов наследник

Потписи и за Вељаноски за да започнат собраниските игри и да се одбере негов наследник

Новото парламентарно мнозинство составено од 67 пратеници денеска треба да ги достави потписите во архивата на Собранието со што ќе започне и официјално со процедура за продолжување на конститутивната седница, ќе побара формирање на комисија за избор и именување, а потоа ќе одбере нов претседател на парламентарците.

 СДСМ ќе инсистира собранската седница да се одржи во понеделник, а денеска  да има координација кај екс претседателот и претседавач на конститутивната седница Трајко Вељаноски за да се прецизираат деталите, како да се договори составот за новата комисија за избори и именување, која треба формално да го предложи новиот собраниски претседател.
Составот на комисијата ќе се усогласува меѓу парламентарните партии  и според последното, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на мнозинство и на претседател или во бројки  6 за ВМРО-ДПМНЕ, 5 за СДСМ, по еден и за ДУИ и за БЕСА,  а предлогот на СДСМ е по 5 за нив и ВМРО-ДПМНЕ, два за ДУИ и едно за БЕСА.
Рокови од кога Трајко Вељаноски треба да ја закаже седницата нема, а од Собранието не сакаат да коментираат ништо повеќе додека не ја добијат иницијативата, но прво што побараа по инструкции, пак на Трајко, беше  доказ за мнозинство, бидејќи велат за да продолжи седницата и да се избере претседател, мора доказ дека иницијаторите имаат поддршка од најмалку 61 пратеник, иако секогаш според деловникот е и било иницијатива за закажување седница е со потписи на 20 пратеника. Таа би се оддржала во понеделник, а ден потоа е најавна и посета на еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан.
Откако ќе се активира Собранието повторно на претседателот Иванов ќе му биде предочено да го почитува членот 90 од Уставот и да го додели мандатот за формирање влада на лидерот кој го претставува новото парламентарно мнозинство, но тој најверојатно и по сите процедура повторно ќе го користи изговорот дека е загрозена унитарноста и суверенитетот со платформата на албанските партии која е услов кон СДСМ за да се формира влада.