Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПотпишан договор за нова сообраќајница во индустриската зона во Прилеп

Потпишан договор за нова сообраќајница во индустриската зона во Прилеп

Денеска министерот за финансии Зоран Ставрески го посети Прилеп за потпишувањето на договор за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1.

Посетата помина во запознавање со начинот на кој општина Прилеп ги подобрува условите и поволностите за инвестиции и плановите за понатамошен развој на стопанството како и можностите за привлекување на странски и домашни инвестиции во индустриските зони. Од општина Прилеп информираат дека вкупната вредност на инвестицијата изнесува 8.456.749 денари.