HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочинал 50-годишен Охриѓанец при товарење на дрва

Починал 50-годишен Охриѓанец при товарење на дрва

Вчера во железничката станица во Кичево во околу 13:30 часот при товарање огревни дрва во вагон од камион „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки паднал Д.Ј. (50) од Охрид. Со возило на Итната медицинска помош бил префрлен во Медицинскиот центар во Кичево, каде што била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле екипа од кичевската полиција и јавен обвините, по чија наредба врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com