HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПочина затвореник во Идризово – семејството обвинува на лекарска негрижа

Почина затвореник во Идризово – семејството обвинува на лекарска негрижа

Затвореник во понеделникот вечерта во 21.45 часот починал на пат од затворот „Идризово“ кон Клиничкиот центар.
Засега не се познати причините поради кои починал четириесет и шест годишниот Ш.З. од струшкото село Радожда и зошто бил осуден. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.

Братот на починатиот затвореник, за Телма тврди дека во установата не му е дадена соодветна медицинска помош. Според неговите тврдења, починатиот се пожалил на здравтвени проблеми, но по прегледот од доктор бил веднаш вратен назад во ќелијата. Директорот вели дека затвореникот починал на пат кон болница, додека изворите на братот велат дека бил мртов уште во затворот.

Починатиот затвореник бил осудуван за дрога, а во затворот бил на метадонска терапија и се лечел од хепатит.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com