HomeРЕФЛЕКТОРПочина човекот кој со години засмејуваше милиони луѓе ширум светот

Почина човекот кој со години засмејуваше милиони луѓе ширум светот

156639753158105bb78153a111591623_v4_big

За Кевин Каран ретко кој има слушнато, но тој е човекот кој со години засмејуваше милиони луѓе ширум светот. Писателот кој го напиша сценариото за многу епизоди од култната серија „Симпсонови“ почина во 60 година од својот живот. Каран во текот на својата кариера освои шест Еми награди- три за „Симпсонови“ и три за „Late Night with David Letterman“ во чиј тим беше од 1985 до 1987 година.

Каран пишуваше и за познатата серија „Married With Children“ во која беше и продуцент од 1990 до 1993 година и го позајмуваше гласот на кучето Бак. Кариерата ја започна уште на Харвард, каде беше уредник на „Harvard Lampoon“, студентски хумористички магазин. „Кевин Каран беше прекрасен, брилијантен човек кој изговори безброј урнебесни работи, од кои некои самоза одбрани луѓе, а некои кои засекогаш ќе живеат“, напиша Ал Џин, продуцентот на „Симпсонови“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com