HomeДЕНЕШНАСветПочина тајландскиот крал Бумибол кој владееше 70 години

Почина тајландскиот крал Бумибол кој владееше 70 години

Кралската палата соопшти дека тајландскиот крал Бумибол Адуладеј починал после долга болест. Тој имал 88 години, а на тронот поминал полни седум децении и 126 дена. Кралот починал во мир, во болницата „Сирирај“ во 15:52 часот по локално време, соопшто прес службата на кралското семејство.

tajland-f1

Кралот Бумобол Адуладеј, монарх со најдолг стаж на владеење во светот, е многу почитуван во Тајланд. Во текот на целите седум децении тој важел за личност која ја обединува земјата, а интервенирал во ситуации кога се заканувала опасност од криза.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com