HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина славен оскаровец, режисерот на „L.A Confidential“

Почина славен оскаровец, режисерот на „L.A Confidential“

Режисерот Куртис Хенсон, кој освои Оскар за филмот „L.A Confidential“ беше пронајден мртов во својот дом во Калифорнија на 71 година. Болничарите на итната помош го пронашле Хенсон во неговата вила во Холивуд околу 17 часот по локално време и утврдиле „природна смрт“. Режисерот веќе некое време беше во болница и страдаше од Алцхајмерова болест.

Хенсон заедно со Брајан Хелгеланд освои Оскар за најдобра адапција на романот „L.A Confidential“ кој го напишал Џејмс Елрој. Како продуцент, Хенсон бил номиниран за најдобар филм и за најдобар режисер. Филмот ги опишувал улиците на Лос Анџелес во пеесетите години и во филмот глумеа Ким Бејсингер, Кевин Спејси, Расел Кроу, Гај Пирс, Џејмс Кромвел, Дени де Вито и Дејвид Стратен. Филмот заработил повеќе од 126 милиони долари ширум светот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com