HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина познатиот пијанист и диригент Золтан Кочиш

Почина познатиот пијанист и диригент Золтан Кочиш

index

Унгарскиот пијанист, композитор и пијанист Золтан Кочиш почина денес на 65-годишна возраст, соопшти унгарскиот национален филхармониски оркестар. Во соопштението не е наведена причината за смртта. Кочиш во 2012 година имаше сериозна операција на срцето, а минатиот месец филхармонијата, чиј музички директор беше тој, соопшти дека поради проблеми со здравјето ги откажува сите свои концерти за да се одмори.

Светски познатиот пијанист и диригент е роден во Будимпешта на 30 мај 1952 година. За музички директор на унгарската филхармонија беше избран во 1997 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com