HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина познатата пејачка Шерон Џоунс

Почина познатата пејачка Шерон Џоунс

111283380658305fed7df7e096655418_v4_big

Шерон Џоунс, жената со ангелски глас, почина во 61 година од животот. Џоунс водеше „херојска борба против рак на панкреасот“, а илјадници обожаватели и колеги се збогуваа од неа. Таа со години работела како чувар во затвор на островот Рајкерс, но нејзиниот талент бил забележан кога започнала да настапува како пратечки вокал на соул пејачот Лиј Филдс во 1996 година.

Иако дури на 40-годишна возраст го објавила својот прв албум, многумина ја сметаа за „кралица на фанкот“ и номинирана е за Греми награда во 2014 година за албумот „Give The People What They Want“. Џоунс поради своите енергични настапи и величествен глас беше нарекувана и „женската верзија од Џејмс Браун“.

Во јули оваа година беше објавен и документарец од нејзиниот живот, откако се чинеше дека пејачката ќе се излечи од ракот. Меѓутоа, ракот и се вратил и се проширил на белите дробови, црниот дроб и лимфните јазли.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com