HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина полскиот режисер Анджеј Вајда

Почина полскиот режисер Анджеј Вајда

Полскиот режисер Анджеј Вајда почина на 90-годишна возраст, пренесуваат полските медиуми. Вајда беше најистакнат претставник на „полската школа“ во кинематографијата, а за низата од одлични фимови беше добитник на Оскар за животно дело и добитник на Златна Палма во Кан. Вајда во 200 година ја доби наградата за животно дело од страна на Американската филмска академија.

Во својата кариера сними вкупно 50 филма, вклучувајќи ги и филмовите „Пепел и дијамант“, „Се е на продажба“ и „Пан Тадеуш“. Тематиката на неговите филмови ја следи историјата на Полска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com