HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПочина пејачката Љупка Димитровска

Почина пејачката Љупка Димитровска

Една од најпопуларните пејачки во СФРЈ, Љупка Димитровска, починала после кратка и тешка болест, пренесуваат хрватските медиуми. Родена е на 25 јули 1946 година во Скопје, а до својата смрт живееше и работеше во Загреб. Во поранешна Југославија беше една од најпопуларните пејачки, како и во Чехословачка и во Источна Германија.

Во 1968 година го објави мини-албумот под назив „Мој слатки град“, а првиот албум го издаде во 1975 година и се викаше „Љупка“. Во текот на нејзината кариера објави вкупно девет албуми. Се натпреваруваше на сите музички фестивали во Скопје, Загреб и Сплит. На југословенскиот избор за „Песна за Евровизија“ учествуваше со песната „Бај бај“ 1970 година, а го зазема шестото место.

Љупка Димитровска од 1968 година беше во брак со Никица Калоџер, диригент и познат композитор на поп музика кој беше и автор на нејзините најголеми хитови се до неговата смрт 2006 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com