HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина американскиот актер Бил Нан од Spiderman

Почина американскиот актер Бил Нан од Spiderman

Американскиот филмски и телевизиски актер Вилијам Голдвин „Бил“ Нан Трети, кој со светската слава се стекна со улогите во филмовите „Спајдермен“ од 2002 и „Калуѓерки во акција’ од 1992 година, починал во саботата во 63-тата година од животот, во својот роден град Питсбург, во сојузната држава Пенсилванија, пренесуваат медиумите.
Причините за неговата смрт засега не се откриваат.

Веста ја објави режисерот Спајк Ли, кој го режираше филмот„Направи ја вистинската работа“ (Do the Right Thing), од 1989 година, во кој глумеше заедно со Бил Нан, Дени Ајело, Џон Тартуро и Џанкарло Еспозито.

Нан е повеќе познат како актер од „втор“ и „трет“ план, во повеќе од 60 филмови. Забележан кај публиката е по улогите во двете продолженија на „Човекот пајак“, како и филмовите „Возот трезор“ од 1995 година и „Крајни мерки“ од 1996 година, како и по големиот број телевизиски улоги, главно во полициски серии. И покрај популарноста, Нан никогаш не беше лауреат на некоја престижна филмска или телевизиска награда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com