HomeРЕФЛЕКТОРФилмПочина актерот Рон Глас

Почина актерот Рон Глас

2031609025583b036d73870702833209_v4_big

Рон Глас, актер познат по своите улоги во сериите „Barney Miller“, „Friends“, „CSI“ и „Star trek“ почина на 71-годишна возраст. Неговиот агент потврдил дека актерот починал после затајување на срцето. Богатата кариера на Глас, која со години траеше на телевизија и филм, започна со настапите во популарните серии како што се „All in family“ и „Sanford and son“.

Во 1975 година ја доби улогата на детектив Рон Херис во серијата „Barney Miller“ која му обезбеди номинација за Еми 1982 година. Во последно време се појавуваше во епизодите на сериите „S.H.I.E.L.D.“, „Big crimes“ и „CSI“. Откако беше објавена веста за неговата смрт, бројни обожаватели, пријатели и колеги се збогуваа од актерот изразувајќи сочувство преку социјалните мрежи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com