Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПосмртните останки на жртвите од Сребреница донесени во Сараево

Посмртните останки на жртвите од Сребреница донесени во Сараево

Камионот со посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница чиј идентитет е утврден и кој утрово тргна на пат од Високо во попладневните часови пристигна во главниот град на Босна и Херцеговина Сараево. Во камионот се наоѓаа посмртните останки на 136 жртви на геноцидот кои на 11 јули ќе бидат погребани во меморијалните гробишта во Поточари. При преминот на камионот по Булеварот „Маршал Тито“ беа доживеани силни емотивни чувства. Илјадници граѓани распоредени на двете страни на патот им оддадоа почит на жртвите.
marsВчера во Призрен, стотици луѓе од различни етнички заедници маршираа низ градот, а децата пуштија бели гулаби, во чест на илјадниците Бошњаци од Сребреница, кои во јули 1995 година, беа убиени од силите на босанските Срби. Косовскиот парламент пред својата редовна седница, со едноминутно молчење, им оддаде почит на жртвите.

Во хрватскиот главен град Загреб, вечерва, во галеријата „Кловиќеви двори“, ќе биде отворена изложба на фотографии, од масовните гробници во кои биле закопани жртвите од Сребреница, како дел од одбележувањето на годишнината од настаните. Автор на фотографиите е британскиот фотограф, Тим Лавлес. Тој ги направил овие фотографии додека бил дел од истражниот тим на Хашкиот трибунал за Сребреница.