Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПосмртните останки на 127 жртви од геноцидот пренесени во Сребреница

Посмртните останки на 127 жртви од геноцидот пренесени во Сребреница

Посмртните останки на 127 Бошњаци убиени во злосторството кое е квалификувано како геноцид во 1995 година во Сребреница, пренесени се денеска во овој град, каде ќе бидат погребани на 21-годишнината од одбележувањето на едно од најголемите воени злосторства извршени во Европа по Втората светска војна.

Колоната со посмртните останки на патот од мртовечницата во местото Високо се запре во Сараево пред зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина, каде насобраните луѓе им одадоа почести на жртвите. Молитвата за сите убиени во Сребреница ја водеше поглаварот на Исламската заедница во БиХ, Хусеин Кавазовиќ.

Најмладата жртва чии останки беа во колоната е момче кое во јули 1995 година кога е убиено имало само 14 години,а најстариот кој ќе биде погребан во понеделник имал 77 години.

На испраќањето на останките на 127т-е жртви во Сараево не присуствуваше ниеден од високите државни функционери на БиХ, но затоа имаше претставници на меѓународните организации и на амбасади.

Меѓу нив беше и вршителот на работи во амбасадата на САД, Питер Даи, кој рече оти во името на американскиот народ дошол да ја искаже солидарноста со членовите на семејствата кои ги испраќаат своите мртви.

„Го правиме тоа, бидејќи знаеме колку тие пателе. Ова никогаш нема да биде лесно, бидејќи секоја година ова е многу емотивен настан“, изјави американскиот дипломат, иако и во саботата за босанските медиуми многу членови на семејствата на жртвите критикуваа дека и меѓународната заедница и тогашното бошњачко водство не вложиле вистински напори во спречување на трагедијата иако 27 месеци се водела битката за Сребреница.

Закопот на 127-те жртви ќе биде дела од традиционалната годишна комеморација која на 11-ти јули ќе биде организирана во меморијалниот комплекс во Поточари крај Сребреница.

Според најавите, се очекува доаѓање на илјадници учесници, а верскиот обред ќе го предводи реис Кавазовиќ. На комеморацијата покрај претседателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ говори ќе одржат и Теодор Мерон, долгогодишен судија на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и сегашен претседател и сегашниот претседател на Резидуалниот механизам за кривични судов при Обединетите нации.