Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоследователниот квартален пораст го извлече Кипар од рецесија

Последователниот квартален пораст го извлече Кипар од рецесија

Со третиот последователен квартален раст, економијата на Кипар се придвижува само во нагорна линија. Со првите два квартални порасти од по 0,5 проценти се смета дека економијата и официјално е излезена од рецесија.

Агенцијата Франс прес ја потврдува информацијата за високиот пораст од 1,3 проценти во последниот квартал, а кипарскиот Завод за статистика наведува дека на годишно ниво економскиот раст во третиот квартал изнесувал 2,2 проценти. Кипар три години беше во рецесија поради строгото буџетско штедење кое Владата го воведе во замена за финансиската помош од ЕУ во вредност од 10 милијарди евра. По согласувањето, Кипар во март 2013 година ја затвори втората по големина банка Лаики и ги замрзна депозитите во најголамата банка, Банката на Кипар.

Гранките во кои е забележан порастот се секторите на преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, технологијата и финансиските услуги.