HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоследно задолжување на државата пред распишување избори

Последно задолжување на државата пред распишување избори

Владата се задолжи за нови 31,8 милиони евра кај домашните кредитори на денешната акуција на државни хартии од вредност. Од Министерството за финансии изјавија дека вчера во стопанството се вратени 29 милиони евра по основ на доспеани за исплата државни хартии од вредност, додека утре по истиот основ Владата ќе се раздолжи со 1,8 милиони евра.

За потсетување годинава државата се задолжи со нова еврообврзница од 450 милиони евра. Во пресрет на задолжувањето реагираше дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов кој порача дека ќе има одговорност за сите злоупотреби врз граѓаните. Министерот за финасии Кирил Миноски ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието на Република Македонија на товар на граѓаните да запише нов нето долг.

Оваа власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации – реагираше Кире Наумов.

Според Министерството за финансии заклучно со јуни јавниот долг на државата изнесува 45 отсто од бруто домашниот производ. Според нивото на јавен долг, Македонија е во групата на умерено задолжени економии додека според бруто надворешна задолженост, Македонија се вбројува во високо задолжени економии.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com