Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаПоследниот дрес на Дражен Петровиќ ставен на аукција

Последниот дрес на Дражен Петровиќ ставен на аукција

Последниот дрес на кошаркарската легенда Дражен Петровиќ за репрезентацијата на Југиславија е пуштен во продажба и по пат на аукција се очекува да достигне огромна сума бидејќи многумина колекционери не би ја испуштиле шансата да поседуваат едно парче полно со емоции.

Yugoslavia-Basketball-1-600x362

Дресот со број 4 има почетна цена од 5000 долари, а наддавањето ќе одвива онлајн. Интересно е што Петровиќ, по потекло од Хрватска, последниот натпревар го одигра пред самиот распад на Југославија на Светското првенство 1992-ра во Аргентина кога за титула беше совладан Советскиот сојуз, но при прославата на кошаркарите истрча еден навивач со се уште неофицијалното хрватско знаме.

Тоа како огромна провокација го сфати Владе Дивац кој го нападна навивачот и го фрли знамето сметајќи дека национализмот само ќе го наруши духот на репрезентацијата и секако од хрватите беше прогласен за најголем „четник“. Токму тој потег го прекина најголемото пријателство кое го имаше со Дражен Петровиќ.