HomeДЕНЕШНАСветПоследниот атентатор на Тито почина во САД

Последниот атентатор на Тито почина во САД

rados-stevlic

Во американската сојузна држава Аризона почина Радош Стевлиќ, последниот атентатор на некогашниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Стевлиќ е роден во село Горња Горевница во близина на Чачак пред 78 година, а поголемиот дел од животот го поминал во емиграција, како и 10 години во американски затвор, каде издржуваше казна по пресудата за обид за атентат врз Тито. Стевлиќ во Белград завршил Богословски факултет, но како следбеник на антикомунистичките идеи, преку Австрија и Италија пребегнал во САД.

Стевлиќ во минатогодишното интервју за „Политика“ зборуваше за неговото апсење во Чикаго пред четири децении и зошто учествувал во атентатот врз Тито, наведувајќи дека тогашната антикомунистичка емиграција во САД трипати се подготвувала за атентат на поранешниот претседател на СФРЈ. Тој објасни дека обидите за ликвидација на Тито биле во Мексико, Филаделфија и Вашингтон.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com