Thursday, Jun 22, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоследни напори за целиот тим на Специјалната обвинителка

Последни напори за целиот тим на Специјалната обвинителка

Се прават последни напори да се избере целиот тим кој Специјалната обвинителка го одбра за новата истражна институција чија главна задача ќе биде да ги води предметите кои произлегуваат од прислушкуваните разговори протечени од опозицијата, а оспорени како нелегални од власта. Засега нема да се бара нова седница од Советот на јавни обвинители, туку се прават поединечни напори за Катица Јанева да го добие својот тим кој ќе се смести во просториите на Агенцијата за млади и спорт и веќе ќе добие буџет кој е изгласан од Собранието.

katica janeva

Исто така СЈО ќе побара статистика од Јавното обвинителство за тоа до каде се предметите кои се започнати и какви истражни мерки се превземени за да се продолжи со нивната работа. Секој предмет кој ќе го води член на СЈО ќе има свои стручни соработници и истражители со асистенција на МВР. Откако ќе се даде одобрение за тимот новите специјални обвинители ќе положат и свечена заклетва, но овој процес се уште се кочи од страна на Советот.