Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарПоследната претстава на Пандур на 24 јуни во МНТ

Последната претстава на Пандур на 24 јуни во МНТ

Во поставката на Фауст, големата копродукција на Словенско народно гледалишче и 63. Фестивал Љубљана, која за жал стана негова последна претстава во театарскиот опус, Томаж Пандур, признаениот и меѓународно најуспешниот словенечки театарски режисер, по трет пат во својата богата кариера се соочи со еден од најголемите европски митови. Иако Фаустовата приказна се темели на средновековната легенда за човекот, кој ја продава својата душа на ѓаволот, таа говори за чувството на оттуѓеност на слободниот човек и неговата потреба за разбирање на себе си и светот по поширокиот контекст на универзумот.

AR-20150916_RT_7886

Пандур со алхемичен процес ја преобразувалегендата за Фауст во интелектуална и емотивна атмосфера на нашето време и создава своја сопствена поезија и вистина. При вечната борба против сеприсутното зло, го нагласува бескрајниот копнеж кон се што ни е недостапно или неостварливо: кон семејството, љубовта, младоста, убавината. Влегувањето во просторите на магијата, во пределите на космичките сфери, на Фауст, барем за миг, му овозможува доживување и исполнување, љубов, власт и моќ, а со крв потпишаниот договор со Мефисто – или со самиот себе – на крај го враќа во неговата самотија и минливоста на животот.

Во улогата на Фауст настапува Игор Самобор, Бранко Штрубеј е Мефисто, Барбара Церар – Г-ѓа Мефисто, Полона Јух – Маргарета, Бранко Јордан – Валентин, Урош Фурст е Шеф на кабинетот и Роберт Корошец, Филип Самобор, Жан Перко и Матиц Лукшич како членови на кабинетот. Драматург и автор на адаптацијата на преводот на Божа Водушка и Ерик Воук е Ливија Пандур, сценограф е Свен Јонке (NUMEN), костимограф Фелипе де Лима, лектор Татјана Станиќ, дизајнер на видео Доријан Колунџија, композитор Примож Хладник и Борис Бенко (SILENCE) и дизајнер на светло Томаж Пандур.

AR-20150916_RT_9457

Томаж Пандур го разбира Фауст како театарска ментална равенка, стапка на животот на Фауст и неговото соочување со Мефисто, и како поема за феноменологијата на човечкиот род. Томаж Пандур, на премиерата во Љубљана, во септември 2015 година, кажа: „Ремек делото на Гете Фауст, драмската поема за еден човек кој има потпишано договор со ѓаволот, се нарекува и „божествена трагедија“, бидејќи зборува за микро и макрокосмосот, за личното и јавното, за вештините и знаењето, за неодоливата потреба и постојан стремеж на поединци за се поголемо и подобро, без оглед на цената на овие страсти.Приказната за Фауст во текот на вековите се развила архетипски мит за човечките стремежи и дилеми, и се обидува да го дешифрира и да го разбере поединецот во неговата постојана борба со доброто и злото.

Во оваа адаптација и поставка на Фауст злото настапува во множина; Ѓаволот веќе не е сам, доаѓа со своите соработници за полесно да го изведе својот познат смртен танц. Гледаме маж распнат меѓу небото и земјата, кој се обидува да ја најде вистината и смислата на човечкиот престој. И тоа е суштината на театарот – да се зборува и да поставуваат прашања во врска со една од најважните прашања на човековото постоење.