Thursday, Apr 27, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПоследна шанса за Fantastic Four – Хит или најголемо промашување

Последна шанса за Fantastic Four – Хит или најголемо промашување

Овој викенд ќе започне прикажувањето на новиот Fantastic Four кој ќе се обиде да ја врати франшизата на Marvel во живот со изборот на четири талентирани млади актери кои досега покажаа висок талент, но прашање е дали истото ќе го постигнат и со овој нов филм за суперхероите.

Приказната се враќа на самиот почеток со првата вселенска мисија на Ричард Рид, Сју Сторм, Џони Сторм и Бен Грим играни од Мајлс Телер, Кејт Мара, Мајкл Б. Џордан и Џејми Бел. При нивното истражување ќе добијат супер моќи кои ќе мора да ги контролираат за да прераснат во херои, но почетните реакции се многу негативни велејќи дека филмот нема јасна приказна и развој на ликовите, ниту поголема цел освен Fox да ги задржи филмските права и да не ги отстапи на студиото на Marvel.

Конечната оценка за Fantastic Four ќе ја дадеме откако ќе го погледнеме, па што мислите вие дали заслужува последна шанса.