Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоследен појадок за раселените во прифатните домови – денеска мора да се вратат во разурнатите куќи

Последен појадок за раселените во прифатните домови – денеска мора да се вратат во разурнатите куќи

Раселените кои настрадаа во страшните поплави денеска треба да ги напуштат прифатните домови, каде што беа згрижени откако водената стихија ги уништи нивните куќи. Поплавените од Сингелиќ, Стајковци и Инџиково денеска последен пат ќе појадуваат во студентскиот дом „Томе Стефановски Сениќ“. Владата ги покриваше трошоците за нив до 31-ви март, но директорот на домот им дозволи да останат и за велигденските празници бидејќи немаа каде да одат.

Нивните домови беа целосно уништени во поплавите што лани се спуштија од скопска црна гора. Велат дека со државната помош успеале да направат мали санации, но не и да ги приспособат своите домови за живот. Овие граѓани ќе останат на улица доколку Министерството за труд и социјална политика не им излезе во пресрет.