Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПоследен натпревар за Подолски во националниот дрес!

Последен натпревар за Подолски во националниот дрес!

Лукас Подолски ќе се збогува од дресот на репрезентацијата на Германија во пријателски натпревар утре против репрезентацијата на Англија.

“За Подолски ова е последен натпревар, и ние одлучивме тој да го предводи тимот како капитен во утрешниот натпревар против Англија“ изјави Јоаким Лев.

Лукас Подолски остави голем белег во националниот тим. Натпреварот против Англија ќе биде неговиот 130 во дресот со државниот грб. Тој го направи своето деби пред 13 години, и досега има 48 гола за репрезентацијата.

Најголемиот успех во репрезентацијата постигна пред три години, кога го освои Светското првенство во Бразил.