HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПосле вчерашниот инцидент претседателот на Ф.К Брегалница си поднесе оставка!

После вчерашниот инцидент претседателот на Ф.К Брегалница си поднесе оставка!

Претседателот на Ф.К Брегалница Мите Митев, како и членот на бордот на директори во клубот Илија Колев си поднесоа оставка после вчерашниот инцидент откако после поразот на штипскиот клуб од последниот тим на табелата Македонија Ѓ.П физички го нападнаа тренерот на клубот. Овој чин претставува големо разочарување за Штипјани кои воопшто не беа задоволно од однесувањето на раководителите на клубот кои со железна шипа го нападнале турскиот тренер Јуксел Јесилова.

Сепак, Јесилова иако видно разочаран од овој настан изјави дека тоа нема да има никакво влијание врз неговата работа во клубот. „Ова нема врска со екипата и јас не сакам да влијае на тимот. Јас си продолжувам со мојата работа“, изјави Јуксел Јесилова, тренер на Брегалница. Клубот се продава, останува да видиме што ќе се случи, но и покрај големата финансиска поддршка клубот продолжува да бележи негативни резултати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com