Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисПосле цели 18 месеци средба помеѓу Надал и Федерер

После цели 18 месеци средба помеѓу Надал и Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал ќе се сретнат после цели 18 месеци, во големото финале на турнирот во Базел.

Надал во првото полуфинале обезбеди триумф против французинот Ричард Гаскет со 6:4, 7:6 и така успеа да стигне до 14 победа во исто толку нивни меѓусебни натпревари.

Само неколку часа подоцна, Федерер беше сигурен против Американецот Џек Сок победувајќи го со 6:3, 6:4, после само час и четири минути игра.

Ова ќе биде прв натпревар помеѓу Надал и Федерер после нивната  минатогодишната средба на Австралија Опен, кога Надал славеше во три сета. Натпреварот помеѓу овие двајца тенисери беше одамна посакуван, но до него досега не дојде најмногу поради повредите кои постојано го мачеа Шпанецот, а потоа и поради неговата лоша форма поради која во еден момент излезе од листата на топ десет тенисери во светот.

Во меѓусебните натпревари, Надал моментално води со 23:10 во победи, вклучувајќи ги и петте победи на Надал во нивните пет последни меѓусебни средби. Меѓутоа поради лошата форма на Надал, Федерер сепак се смета за фаворит пред неделното финале кое се игра во неговиот роден град.