HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПосле четири години Бруно Марс се враќа на музичката сцена!

После четири години Бруно Марс се враќа на музичката сцена!

После тизерот и официјално пристигна новата нумера „24K Magic“ заедно со спот, прв после четиригодишната пауза која ја направи талентираниот пејач Бруно Марс. Продуцент на нумерата е хип-хоп тимот „The Stereotypes“, а спотот го режираа Бруно Марс и неговиот долгогодишен соработник Камерон Дади.

„24K Magic“ е прв сингл од новиот, истоимен студиски албум кој излегува на 18 ноември. Се работи за негов прв албум уште од 2012 година, кога го објави „Unorthodox Jukebox“, на кој се најдоа хитовите како „Locked Out of Heaven“, „When I Was Your Man“ и „Treasure“. Бруно Марс беше во центарот на вниманието кога настапи на полувремето на „Супербоул“ со Марк Ронсон, со кој го изведе мегахитот „Uptown funk“.

Тогаш настапи со Бијонсе и со „Coldplay“, за потоа да ја напише песната „All i ask“ за Адел и ја објави баладата „Rest of my life“ за крајот на втората сезона на телевизиската серија „Jane the Virgin“. Неодамна на Твитер објави дека албумот „24K Magic“ е готов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com