Saturday, Apr 20, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонПосле „Pokemon Go“ пристигнува нов гејмерски хит „Harry Poter Go“

После „Pokemon Go“ пристигнува нов гејмерски хит „Harry Poter Go“

Компанијата „Ниантик“, која заедно со колегите од „Нинтендо“, стои зад глобално популарната игра „Pokemon Go“, а сега има нов проект- „Harry Poter Go“. Магијата пристигнува преку паметните телефони. Мотивирани со огромниот успех на играта во која се ловат мали чудовишта (станува збор за 15 милиони корисници ширум светот), обожавателите на франшизата „Harry Poter“ од компанијата „Ворнер“ побарале игра.

Hari-Poter-f2

Лидерите на компанијата „Ниантик“ известени за петицијата набргу решиле да преземат нешто. Аштун Ханон, која ја започнала оваа петиција, имала сопствени идеи за оваа игра па и ги предложила на надлежните лица во оваа компанија.

Pokemon-f1

Играчите, на пример ќе можат да го пронајдат Малфој и да се борат со него преку телефон! Исто така, во план е да постојат опции за натпреварувања со пријателите, а една од опциите ќе биде и собирање на поени за куќа. Во одредената куќа Хогвортс играчите ќе бидат бирани, секако, со помош на шешир.