Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПосле фудбалската еуфорија, Короната денес не врати во м(р)ачното секојдневие

После фудбалската еуфорија, Короната денес не врати во м(р)ачното секојдневие

По еуфоријата, која ни ја приредија нашите најдобри фудбалери со историскиот пласман на ЕП, наредното лето, Македонија денес се разбуди повторно во реалноста. Стапката на смртност од Ковид-19, e алармантна и нашата земја, се наоѓа во топ 20 земји во светот, со најголема стапка на смртност на 1 милион жители. Одговор за ваквите состојби, никој нема.

Министерстово за здравство информира дека во последните 24 часа починати се 25 лица заразени со корона вирус. Тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати надвор од ,а  останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346.