HomeАНТИСТРЕСШтосноПосле 65 години поминати во брак починале во ист ден!

После 65 години поминати во брак починале во ист ден!

meri-i-ferdinando-foto-2

Ниту смртта не ги разделила! Фердинандо и Мери Асара починале два дека откако со семејството и пријателите ја прославила 65-годишнината од својот брак. 89-Годишниот Фердинандо и 86-годишната Мери се запознале во 1951 година во мало место близу до Наполи, каде Фердинандо работел како командир на италијанската војска, а неговата идна сопруга Мери дошла таму на одмор.

Потоа се преселиле во Стормвил, во американската држава Њујорк, каде живееле наредните шест децении. Имале сопствена мала продавница во Јонкерс, наречена по внуката, „Jennifer’s House of Cards and Gifts“. Мери боледувала од рак на цревата, а починала во сон. Три часа подоцна починал и нејзиниот сопруг кој боледувал од рак на уринарниот тракт.

Покрај рак, Мери била и во почетен стадиум на Алцхајмеровата болест. Парот, покрај последните два месеци, многу време поминал заедно. „Тие ми беа најдобри пријатели“, изјавила нејзината внука Алексис.

meri-i-ferdinando-foto-1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com