Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПосле 20 години правна борба, „Крафтверк“ загуби на суд

После 20 години правна борба, „Крафтверк“ загуби на суд

Германскиот Уставен суд ја отфрли денес тужбата на култната електронска група „Крафтверк“, која повеќе од 20 години се обидува да ги докаже своите авторски права за две секунди мозика кои без дозвола ги искористила една рап музичарка. Судот проценил дека кршењето на авторски права во тој случај е „маргинално“ и дека уметничката слобода е пред интересот на авторот.

„Крафтверк“ го започна судскиот процес во 1997 година поради две секунди музика превземени од нивната песна „Metall auf Metall“ објавена во 1977 година, кои ги искористиле германската пејачка Сабрина Зетлур во песната „Nur mir“. Судот оценил дека користењето на извадок од веќе постоечко музичко дело во хип-хоп музиката не е прекршување на авторските права туку дека се работи за уметничка слобода.

Хип-хоп музичарите се често мета на критики и кривични постапки поради употреба на извадоци од туѓи песни. „Крафтверк“, група која се смета за пионер на електронската музика, основана е во 1970 година, а во 2014 година прослави 40 години од објавувањето на албумот „Autobahn“.