Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПоскапување на нафтата- нова регулаторна цена

Поскапување на нафтата- нова регулаторна цена

Од вчера бензинските пумпи низ Република Македонија ЕУРОСУПЕР БС 95 по литар се точи 57,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС 98 за 59,5 денари, а за ЕУРОДИЗЕЛ литарот изнесува 39 денари. Цената на нафтата забележа раст отако Русија потврди дека е подготвена да се состане да разговара со ОРЕС за нивното производство.

На берзата во лондон цената на барел нафта е искачен на 33,29 денари. На американската берза пак за 30,42 денари се продаваше барел нафтата. Следната корекција на цените ќе се одржи за три дена на 8 февруари, но сегашниот курс на доларот во однос на македонскиот денар бележи опаѓачки тренд, а еден долар чини 55,17 денари. Анализите се дека во вторник нема да има некоја голема корекцја, а и доколку се случи такво нешто се очекува малопродажните цени да тргнат надолу. Инаку, моментално малопродажните цени на бензините во Македонија се на многу ниско ниво.